Што се случува со Мадона? Настапот на Евровизија за кој доби огромна сума остро критикуван од јавноста!

Мадона ги разочара обожавателите со гостувањето на финалната вечер на Евросонг, кој се одржа на 18. мај во Тел Авив, пеејќи го хитот „Like a Prayer“ од 1989. година, пренесуваат израелските и странски медиуми.

Долгоочекуваниот настап на 61-годишната поп икона не ги импресионираше гледачите, покажувајќи нехармоничен вокал, а многумина се сложија дека при изведувањето на песната таа ужасно фалшираше.

Мадона ја пратеа 35 пејачи и 30 танчери додека го пееше својот хит од пред три децении. Песната „Future“ ја отпеа со раперот Quavo. Настапот е окарактеризиран како контроверзен и критикуван е на сите социјални мрежи.

Мадона се соочи и со критики пред настапот, а ја критикуваа и пропалестинските активисти од меѓународното движење за бојкот, откажување од инвестирање и санкции против Израел, бидејќи не се согласила со нивните повици да го откаже настапот.

Таа, во соопштението на почетокот на Евровизија наведе дека сака да го искористи својот настап да создаде нов пат кон мирот и дека нема да потклекне пред политичкиот притисок.




Коментари

коментари