Луѓето се создадени да бидат во природа. нашиот ум е дизајниран да реагира на мириси, места и други сти,уланси што во него се чуствуваат.
Кога ги поминуваме деновите во природа , тоа не прави поздраи и посреќни. Еве неколку факти кои можеби ќе ве потикнат повеќе време да поминувате во природа.
ПРИРОДАТА ГО НАМАЛУВА СТРЕСОТ
Кортизолот е хормон според кои лекарите често го утврдуваат нивото на стрес ( премногу од овој хормон значи дека сте под стрес) и истражувањата пкажаа дека луѓето кои поминуваат повеќе од слободното време во природа се помалку под стрес нивото на овој хормон е минимално за разлика од оние кои често не уживаат во природата. Луѓето кои работат постојано во затворени простории и поголем дел од своето слободно време го поминуваат релаксирајќи се на тој начин во убавините на природата, се посреќни и поисполнети од оние кои не го прават тоа. Истото тоа важи и за болните лица, полесно би се опоравиле доколку поминат повеќе време во природа.
СЕ ПОДОБРУВА ПОМНЕЊЕТО
Според една студија спроведена од страна на универзитетот во Мичиген, една група на испитаници шетала во природа, а другата по асфалтирани улици ист временски период. Испитаниците решавале ист тест на интелегенција пред и по шетањето. Групата на испитаници кои шетале во природа постигнале за 20 % подобри резултати на тестовите во споредбено со тестот пред да започнат со прошетка во природа.
СЕ ПОДОБРУВА МЕНТАЛНАТА ЕНЕРГИЈА
Кога одите на 15 минутна прошетка или гледате во ѕвездите , вашето тело се забавува, се релаксира и тоа е некое чуство кое е поврзано со нешто поголемо. Тоа чувство го подобрува Вашето расположение и го намалува стресот. После прошетката во природа се чуствувате посреќни, поисполнети и поенергични. Една неодамнешна студија покажа дека прошетката во природа го намалува нивото на анксиозност.
ПОДОБРО РАЗМИСЛУВАМЕ И СЕ ПОДОБРУВА КОНЦЕНТРЦИЈАТА
Влијанието на природата на концентрацијата е толку силно што кај децата со намалена концентрација по само 20 минутна прошетка во природа се подобрува концентрацијата. Истражувањата покажаа дека мозокот буквално користи различни делови и проблемите додека сме во природа можат подобро да се решат.
ПОМЕРУВАЊЕ НА ГРАНИЦА
Од многубројните истражувања кои беа спроведени во Англија се покажа дека природата е мошне важен фактор за подобрување на Вашето здравје. Во урбаните средини, каде што нема доволно зелена површина, жителите со помали финансиски примања имаат големи разлики од оние што имаат повеќе финансиски средства. но, кога жителите од урбаните места со помали примања поминуваат повеќе време во природа оваа разлика значително се намалува.
Асфалтот, бетонот, преполните улици, неонските светилки, животот во сенка на облакодери- сето тоа не е нашето природно опкружување. Затоа искористете ја секоја слободна можност да побегнете од градот, во тивка и мирна зелена природа бидејќи тоа ќе ви помогне да го задржите вашиот мозок среќен,здрав и продуктивен.