Што се случува со вашето тело кога ќе започнете да консумирате хималајска сол

Розовата хималајска кристална сол е храна која се стекна со значителен углед во последниве години.

И тоа не е без причина. Розовата хималајска сол е единствена по тоа што ја има само во Азија. Луѓето таму веруваат дека пред околу 200 милиони години, слоевите на кристализираната морска сол биле под слоевите на лава. Поради тоа, сите елементи се зачувани во солта, бидејќи тие биле заштитени со слој од лава, која на крајот се претворила во карпа. Оваа сол е практично зачувана во скоро совршена состојба, недопрена од загадувањето предизвикано од човештвото.

 

Употреба

Розовата хималајска сол е полна со минерали. Всушност, 84 минерали може да се најдат и во човечкото тело и во оваа розова сол. Некои минерали што вредат да се споменат се: хлорид, сулфат, калциум, калиум и магнезиум. Исто така, треба да се запомни дека со консумирањето хималајска сол трошите помалку натриум по доза затоа што е помалку рафинирана. Значи, ако почнете да консумирате розова хималајска сол, какви здравствени придобивки и подобрувања можете да очекувате?

 

  • подобрување на васкуларното здравје
  • подобрена респираторна и белодробна функција
  • стабилна pH рамнотежа на клетките
  • побавно стареење
  • подобрување на навиките за спиење
  • подобрување на либидото
  • помалку грчеви во мускулите
  • подобра хидратација на телото
  • зајакнување на коските
  • намален крвен притисок
  • подобар проток на крв
  • детоксикација на тешки метали



Коментари

коментари