Познато е дека сексот и здравиот сексуален живот имаат позитивно влијание врз вашето здравје. Но, дали знаевте дека недостатокот од секс може да влијае врз вашето физичко и психичко здравје? Еве неколку работи кои се случуваат со вашето тело откако ќе престанете да имате секс.
Либидото се намалува
Некои експерти велат дека редовниот секс го зголемува либидото и има позитивно влијание, додека недостатокот од секс води кон намалување на желбата за секс и страст.
Негативно влијае на имунолошкиот систем
Безброј пати е докажано дека сексуалната активност позитивно влијае врз имунолошкиот систем. Исто така и мастурбацијата му помага на телото да се бори против инфекциите, бактериите и другите болести.
Предизвикува импотенција кај мажите
Недостатоткот од секс предизвикува импонтенција кај мажите, додека редовниот секс има позитивен ефект врз нивната телесна и духовна способност.
Негативно влијае на кардиоваскуларниот систем
Додека не практикувате вежби за телото или некоја друга физичка активност, сексот е одличен начин за вашето тело да биде во одлична форма и позитивно влијае врз здравјето. Доколку немате редовен секс, се намалува работата на хормоните и мускулите на срцето.
Предизвикува стрес
Сексот е најдобар начин да го намалите стресот, вознемиреноста и тензијата. Доколку не практикувате редовен секс, почесто ќе бидете под стрес, а тоа води кон покачен крвен притисок.
Вагината се стеснува
Во периодот кога немате редовен секс, мускулите на вагината забораваат како да се опуштат и тоа води кон стеснување. Но, не грижете се бидејќи не им е потребно многу за да се потсетат.