Категории

Што се случува во телото откако ќе изедете банана со темни точки?

Бананите содржат идеален спој на јаглени хидрати и минерали (како калиум и магнезиум). Но, покрај тоа, честопати завршуваат во ѓубре откако на нив ќе се појават црни дамки.

 

Според едно јапонско истражување тоа е голема грешка која луѓето честопати ја прават. Дамките не укажуваат на тоа дека бананата не треба да се јаде – напротив: зрелите банани произведуваат материи кои може да го спречат настанувањето на канцерогени оболувања, а постојат и многу други причини зошто е добро да се јадат презреани банани бидејќи влијаат позитивно на вашето здравје.

Спречува појава на киселини

Зрелите банани ја неутрализираат киселината и ги опуштаат органите за варење. Една банана по оброк може да ги спречи тегобите во подрачјето на устата и грлото како и киселината.

Подобрување на работата на цревата

Бананите можат да помогнат и при запек бидејќи содржат материи кои ја подобруваат работата на цревата.

Го подобруваат расположението

Бананите со дамки содржат помала количина аминокиселини под називот триптофан. Имено, триптофан го подобрува расположението и овозможува полесно да заспиете. Освен тоа, бананите содржат витамин Б и антистресни минерали магнезиум и калиум – кои се заслужни за доброто функционирање на нервниот систем.

Го намалуваат крвниот притисок

Пациентите со висок крвен притисок треба што помалку да внесуваат натриум бидејќи намирниците богати со оваа минерална вредност го зголемуваат крвниот притисок. Наместо тоа треба да јадат намирници богати со калиум – како презреани банани – за да се нормализира притисокот.

Даваат енергија

Бананите содржат скроб кој брзо дава енергија (затоа спортистите честопати јадат банани за брзо опоравување).

Го зголемува нивото на железо

Железото е еден од составните делови на нашите црвени крвни зрнца кои се заслужни за текот на хранливите материи и кислородот во телото. Бананите со темни дамки се богати со железо и многу се добри против анемија.

Покрај сите придобивки, презреаната банана за жал, не е препорачлива за сите. Дијабетичарите никако не смеат да ја консумираат поради високото ниво на овошен шеќер.

Прегледи:
418
Објавено на:
18.11.2021