Што се случува во врската еднаш кога пеперутките ќе исчезнат?

„Пеперутките во стомакот“ денес се сметаат за класичен симптоп на заљубеност и љубов. Меѓутоа, многумина кои се во долга врска силно се разочаруваат кога овие пеперутки ќе исчезнат.

Ова е изјава на една девојка која решила да открие што всушност се случува кога тие „пеперутки“ ќе исчезнат.

„Веќе 5 години сум во врска. Секој ден гледам статуси на друштвените мрежи за тоа како да се биде во врска со човекот на твојот живот значи постојано да имаш пеперутки во стомакот.
Многу луѓе веруваат дека љубовта е вистинска само ако секој пат кога таа личност ќе влезе во просторијата срцето брзо чука, ако секоја вечер се мазите, поминувате време испреплетени во креветот и спиете прегрнати секоја ноќ.
Можам да ви кажам дека тоа воопшто не е така. Барем не за мене..
Штом ќе почнете да живеете заедно, пеперутките исчезнуваат. Срцето веќе не ви чука брзо секој пат кога ќе го погледнете. Наместо тоа, се се смирува. Кога сте во иста просторија со него, се чувствувате смирено и сигурно.
Кога се мазите со него, вашето срцето чука бавно, а звукот на неговото дишење ве теши и ве успива. Повеќе не се на рингишпилот на чувствата, туку сте дома.
Повеќе не спиете прегрнати и со испреплетени тела. Наместо тоа спиете удобно еден покрај друг, многу често завртени на спротивните страни. Сепак, секоја вечер се затекнувате себеси како се гнездите близу неговите раце или тој ќе ви ја погали косата додека спиете.
Има ноќи кога додека сонува мојот дечко ми ја пружи раката на мојата страна од креветот или само ќе ме повлече накај себе како што дете би повлекло плишана играчка. Јас сега сум неговата утеха, неговиот мир.
Во рана зора, кога целиот свет е поспан, се вгнездувам во неговите град, го вдишувам неговиот мирис пред да одлутам во соништата.
Бакнежите не се толку страствени и романтични како некогаш. Но сега ги има повеќе. Тоа се ладни бакнежи од сладолед, лепливи бакнежи од мермелад во текот на доручекот. Тоа се „одам на работа“ бакнежи и „само уште еден бакнеж пред да тргнам“ бакнежи.
Тоа се поспани утрински бакнежи кои ве будат подобро од алармот. Има ли поубав начин да се започне денот од бакнеж уста на уста?
Тоа се бакнежи за добра ноќ, бакнежи кои велат „драго ми е што баш тебе те љубам“ а не некој друг, или „колку си прекрасен со животните“. Тоа се кратки бакнежи во продавница. Кога се околу тебе е бучно и во брзање, се наведнувате еден накај друг и се пронаоѓате во гужвата.
Кога наместо да ја цените својата слобода, му давате и нему слобода и простор, вие сте слободни заедно еден покрај друг и најубаво ви е кога сте заедно и го премостувате просторот кога се прегрнувате.
Веќе не си испраќате пораки на секој час во кои постојано си кажувате колку се сакате, љубовта се подразбира.
Од романтични изливи на љубов сега сте напредувале на ниво на интерни шеги поврзани за животот кој заедно го градите. Разменувате меѓусебни зачудени погледи, негодување, воодушевување во јавност – имате вап мал свет спрема оној надворешниот.

Врската не е бајка. Не е огномет и фанфари. Барем тоа престанува да биде после почетокот.
Наместо тоа, врската е тивок ритам на љубовта и грижата. Таа не е оган кој пржи во твојата душа, туку пламен кој те грее додека си удобно сместен и тониш во сон.“

 

 




Коментари

[fbcomments]