Што сѐ треба да знаете за парфемите?

Неодамнешното истражување во врска со парфемите, открило многу интересни податоци. Па, еве кои се најчестите прашања за парфемите, и што треба да знаете за нив:

gd

1. Дали е безбедно да се користи старо шишенце од парфем која сличајно по подолг временски период ќе го пронајдете?

Можете да бидете сигурни дека едно шишенце парфем нема да ве убие. Сепак, бидете внимателни. Ако вашето шишенце парфем е чувано на ладно место нема никаков проблем да го користите.
Сепак, може да го тестирате парфемот така што неколку пати ќе го испрскате на чисто бело марамче. Доколку почувствувате киселкаст мирист тогаш е оксидиран и не е безбеден за употреба.

images

2.  Зошто парфемите во почетокот мирисаат толку убаво, а подоцна исчезнува нивната миризба?

Многу од парфемите содржат миризливи состојки во себе. Ова треба да го имате во предвид при нивното купување. Парфемите обично имаат освежувачка арома во почетокот и во краток временски период која потоа испарува. Брзината на исчезнување на миризбата зависи од видот и квалитетот на парфемот.

3. Дали може да користите (ставите) повеќе парфеми на исто место?

Веруваме дека ова во иднина ќе стане тренд, но сега за сега не Ви препорачуваме. Доколку сакате да експериментирате, препорачуваме да користите два сродни мириси.

4. Кој е идеален парфем за на работното место?

Идеален парфем за работа е парфем со не многу силен мирис кој ќе го нанесете во мала количина (само неколку капкички). Во спротивно лицата со кои работите може да добијат погрешна претстава за Вас. Јаките парфеми користете ги за ноќни журки и слични настани.

индекс

5. Дали тестерот во парфимериите и ист како парфемот кој го користите?

Апсолутно може да бидете уверени во неговата валидност. Тестерот служи да ви го долови вистинскиот мирис на парфемот кој е вашиот избор.
Кога испробувате парфем користете полно шишенце со парфем.

 




Коментари

коментари