Категории

Што треба да слушне секое девојче од својата мајка

 Нема да помине многу време кога вашата ќерка од вас ќе побара кармин за излегување и веројатно ќе се зачудите кога помина време и како толку брзо таа порасна.

Затоа искористете ја секоја прилика да го негувате вашиот однос со неа и иако на моменти ќе ви се чини дека не ве слуша, верувајте ќе ги запомни сите ваши зборови.

Еве што би требало да и повторувате често бидејќи повторувањето е најдобар начина таа да ги запомни сите оние нешта кои сакате да и ги всадите во глава.

1. Те сакам

Оваа реченица има огромно значење. Секоја ќерка заслужува да биде сакана и секоја заслужува да ги слушне и почувствува тие зборови.

2. Големината на твојата облека не ја одредува големината на твоето срце

Убавината е она што го носиме во себе, а не она што го гледаме во огледало. Неопходно е да го научиме девојчето дека е поважно она што не се гледа. Затоа кога и се обраќате користете придавки како силна, паметна, мудра наместо слатка, слаба, мала и слично.

3. Достоинството никој не може да ни го одземе

Ако вашето девојче се најде во ситуација во која некој ќе ја исмева, кога ќе се почувствува дека сите ја издале и кога ќе биде многу тажна, не дозволувајте тоа чувство да трае и да ја обземе.

Научете ја дека достоинството и припаѓа само на неа и дека никој не може да и го одземе. Направете ја цврста личност која ќе може да се одбрани. Секое девојче треба да расте со сигурност во себе.

4. Не се дрогирај!

Не се воздржувајте да и покажете што е тоа дрога и како изгледаат луѓето кои се дрогираат. Објаснете и дека дрогата ја уништува младоста но и животот. Гледајте заедно филмови кои имаат порака и во кои јасно се гледаат последиците од земањето дрога.

5. Научете ја да запомни добро која е таа

Децата не знаат кои се во развојот бидејќи секојдневно се запознаваат. Но научете ја да знае да го послуша своето срце и својата душа.

Потребно е да и кажете дека може сама да одлучи, да знае што е добро, а што не. Потребно е да го препознаете нејзиниот талент и да и помогнете да го помине животот градејќи го истиот.

6. Научете ја дека правилата се важни

Ограничувањата на кои наидуваме треба да се почитуваат бидејќи тие се правила. Правилата постојат за нашата сигурност.

Затоа уште додека е мала треба да и ги поставиме правилата за кои не постои компромис.

7. Почитувајте го нејзиното мислење

Во повеќето случаи ќерката знае што е исправно, а што не. Наместо да и кажете веднаш дека нешто не може, прашајте ја што таа мисли дека треба да направи.

Така ќе ја научите да ви се обрати и сама да донесе исправна одлука.

Вие не треба да ја осудувате туку да ја насочите преку слушање, преку опуштен разговор и со делење на вашите искуства.

8. Пријателство и популарноста се различни нешта

Девојчињата уште на 10 години сакаат да им се допаднат на повеќето и да бидат прифатени од околината.

Обврска на секој родител е да го знае друштвото на детето. Трудете се вратата на вашиот дом да е секогаш отворена и така најдобро ќе ги запознаете сите.

9. Научете ја да сака да чита

Читањето е една од најубавите навики кои можете да и ги пренесете. Голема е веројатноста дека ако вие читате и таа ќе го прави истото. Почнете додека е уште мала и читајте и пред спиење за во неа да ја разбудите љубовта кон приказните.

Прегледи:
382
Објавено на:
10.08.2016