Што треба да знае секоја жена по 30-та година за да биде среќна?

“Не троши премногу пари на чевли: Мажите и онака не ги гледаат чевлите туку нозете”, “Не дозволувај никој да те убеди дека си престара за нешто и секогаш биди во потрага по инспирација.”

Ова се некои од инспиративните совети за жените по 30-тата година:

  • Запомни, твоот живот не е генерална проба… туку премиера!
  • Прифати ги промените кои доаѓаат со годините. Биди своја.
  • Годините се само бројка која не те одредува.
  • Пронајди хоби во кое ќе уживаш. Тоа ќе ти помогне во промена на дневната рутина.
  • Секогаш биди искрена кон себе. Тоа е можеби тешко, но ќе биде корисно.
  • Заборави ги општествените стереотипи за староста.

  • Не се грижи дека старееш, грижи се да не ти биде досадно.
  • Никогаш немој да престанеш да бараш инспирација.
  • Учи, читај, патувај.
  • Купувај класична облека. Класиката е секогаш во мода.
  • Престани да собираш се и сешто – ослободи се од бескорисните предмети.
  • Цени ја својата убавина, секоја жена е убава на свој начин.
  • Не комплицирај, држи се до едноставните работи.
  • Сакај го своето семејство и однесувај се спрема нив онака како што би сакала да се однесуваат и тие кон тебе.
  • Не постои совршено време за деца. Кога навистина посакуваш, тогаш е вистинско време.
  • Научи вистински да простуваш.

  • Внимавај кого сметаш за близок пријател. Немој да дозволиш погрешни луѓе да бидат меѓу нив.
  • Чувај го своето семејство бидејќи тие ќе бидат туа за тебе секогаш и ќе ти помогнат без разлика на се.
  • Никогаш не легнувај лута на себе или на некој друг.
  • Кажувај им на блиските луѓе дека ги сакаш. Кажувај им го тоа често.
  • Не троши време грижејќи се за работите кои не можеш да ги промениш.
  • Грижи се за својата кожа и смеј се колку што можеш почесто.
  • Верувај и на својата интуиција.

  • Не говори лошо самата за себе. Дури не ни размислувај на тој начин.
  • Не ставај се при срце.
  • Не трагај по совршенство. Биди единствена.
  • Дозволи му на детето во тебе некогаш да ти биде учител.
  • Биди борбена. Научи се да бидеш снаодлива и самостојна.
  • Не дозволувај стравот да те води низ животот.
  • Секогаш труди се да напредуваш – ментално, физички и духовно.
  • Не дозволувај некој да те убеди дека си престара за нешто, или премлада.



Коментари

коментари