Што зборува облеката на првиот состанок за вас?

Првиот состанок секогаш предизвикува малку паника и возбуда. Изборот на облека која ќе ја носите може да биде многу тежок. Сепак, има неколку комбинации кои можете да ги изберете во зависност од впечатокот кој сакате да го оставите.

  • Здолниште и патики

Овој аутфит порачува „јас сум забавна личност која ужива во странски филмови и дизајн на ентериерот“.
Комбинацијата лесно сте ја избрале бидејќи не се оптеретувате со двочасовно подготвување, а и веројатно сте биле премногу зафатени со изборот на вистинската фотеља која би одговарала во вашата соба.

  • Фармерки и топ со деколте

Откако конечно сте се одлучиле за вашите најтесни фармерки и маица со најдлабоко деколте, финалниот производ прикажува девојка која е опуштена бидејќи таа не избрала хајлина, но дефинитивно привлекува внимание со своите најдобри атрибути.
Сте ја избрале комбинацијата која секогаш ја носите на состанок, зрачите со ноншалантност, а кога таа комбинација дава толку добри резултати, зошто да не се држите до неа ?

  • Макси фустан

Не сакате да ја скриете вашата хипи страна и тоа е навистина кул. Кога се работи за модата, комфорот е многу значаен, затоа ретко се одлучувате за потпетици. Колку ви е поудобно толку попријатно се чувствувате на состанокот, а тој сигурно позитивно ќе реагира на вашата добра енергија.

  • Фустан на преклоп

Можеби е малку формален избор за опуштена варијанта во локалниот бар, но не и ако одите на некое префинето место. Не очекувајте ништо помалку ни од вашиот партнер. Вие не се задоволувате со мали работи и потребен ви е некој кој знае како треба да се однесува со дама.

  • Мал црн фустан и штикли

Ако не одите во најдобриот ресторан во светот, можеби малку сте претерале. Но, ако ова е вашиот магичен аутфит и во него се чувствувате како модел, сте донеле добра одлука. За жал, ако се одлучите повторно да излезете со истата личност, ќе биде тешко да го надминете впечатокот од првиот состанок. Сепак, ете причина за да одите во шопинг.




Коментари

коментари