Категории

Што значи ако Света Петка ви дојде на сон? Постојат две причини!

Утре, 27. октомври православните верници ја слават Света Петка. Се смета дека Света Петка е празник на жените, па поради тоа на оваа светица и се обраќаат жени од сите вери и нации.

Света Петка многумина ја сметаат за заштитничка, а се верува дека посебно ги штити и им помага на жените, децата и старите лица. Верниците и се обраќаат со молитва, посебно жените, за да им помогне во животните неволји.

Покрај храмовите посветени на Света Петка честопати се наоѓаат извори и се верува дека водата од тие извори е лековита и поттикнува исцелување.

Според народните верувања, Света Петка на верниците честопати им се јавува на сон поради две причини: за да им пружи утеха и донесе добри вести или како еден вид предупредување дека правиме грешки.

Света Петка е родена во градот Епиват, кај Калитракија во Мала Азија на крајот на 10. век, потекнува од богата и побожна фамилија. Се замонашила по смртта на родителите во црквата Света Софија во Цариград, а после тоа провела години во пустина поминати во пост, молитва и самотнички живот. Според преданијата, во сон и се јавил ангел и ја упатил во татковината да ја шири верата Христова.
Прегледи:
85
Објавено на:
26.10.2021