Што значи да се биде СИЛНА жена која е самата на себеси херој

Овие жени не се откажуваат ни кога најмногу ги боли

Таа работи напорно. Постојат денови кога е во искушение да го одложи алармот. Денови кога повеќе би сакала да остане во кревет до пладне. Но никогаш не дозволува тоа да ја запри од станување, облекување и возење до работа. има силна работна етика, се турка себеси самата напорно.
Таа заминува од токсични луѓе, не е битно дали некој го познава целиот свој живот. Ако станат извор на стрес, тогаш таа ќе ги остави во својето минато. Не толерира токсичност. Таа знае дека отровните луѓе немаат место во нејзиниот свет.

Таа се сака себеси. Има несигурности како и било кој друг, но не им дозволува да излезат на виделина. Иако има време кога се чувствува дека е надвор од игра, сеуште се смета дека е убава и привлечна жена. Жена која вреди.
Таа отворено ги изразува своите чувства. Таа сфаќа дека плачењето, ранливоста, отворањето на срцето и душата бара сила. Иако е тешко, таа ќе ја каже вистината во секој момент. Ќе остане автентична, секогаш.
Ќе ги остави зад себе лошите односи, не се плаши од животот. Повеќе би сакала да биде сама отколку заробена во однос во кој е несигурна.

Таа се грижи за својата душевна состојба. Таа се грижи за нејзиниот ум подеднакво како и за нејзиното тело. Разговара со терапевт кога и е тоа потребно. Тоа ја става грижата за себеси на прво место, затоа што заслужува среќа и таа го знае тоа.
Таа ги поддржува другите жени, иако има времиња кога е љубоморна на убавината и успехот на некои други личности, но таа никогаш не дозволува тоа да го покаже. Таа не ги третира други жени како свои противнички, туку како свои сестри. Ги подигнува наместо да ги срушува.

Таа верува во себе. Никогаш не се откажува од помислата дека ќе стане успешна.
Таа вели Не. Постојат случаеви кога таа мора да ги одбие понуди од своите пријатели да одат на пијачка или барањето на нејзиниот шеф да работи прекувремено. Знае колку може да поднесе.

Таа се грижи за себеси. Таа знае дека единствената личност на која може да се потпре е жената во огледалото. Затоа таа ги заработува своите пари, ги плаќа своите сметки, делува како сопствен најдобар пријател, таа е дефиниција на независност.
Таа го зборува она што го мисли, никогаш не го задржува своето мислење. Без оглед дали се вклопува во луѓето околу себе. Таа живее во своја вистина.
Таа чекори со насмевка на лицето, најпрво покажува достоинственост. Ги третира сите со сочувство, дури и ако не го заслужуваат тоа.
Таа се спротивставува кога е тоа потребно. Не сака судири, но ако некој ја повреди таа ќе застане во одбрана на себеси.
Таа поминува низ тешки денови, денови кога не е сигурна како ќе преживее до наредниот ден. Но без оглед на се, таа преживува. Таа е доволно силна да помине низ се, низ се!




Коментари

[fbcomments]