Шведската принцеза Софија – Од топлес модел и омразена ријалити ѕвезда до член на кралското семејство

И покрај нејзиното нејзиното бурно минато, таа успеа да ги освои срцата на граѓаните на Шведското кралство 

Откако помина низ тродневна медицинска обука, принцезата Софија од Шведска, војвотката од Вармланд почна да работи во болница во Стокхолм каде беше задолжена за нега на пациентите заболени од коронавирусот, готвење и чистење на собите.

Кралството Шведска е едно од ретките земји кои не воведоа ригорозни вонредни мерки. Во договор со медицинските стручњаци, нејзините функционери се определија против вирусот Covid-19 да се борат со стратегија која се потпира исклучиво врз личната одговорност на граѓаните. Кафе баровите, рестораните, козметичките салони, теретаните и фирмите работат како и обично, границите се отворени. Децата помлади од 16 години посетуваат редовна настава.

Ова е само наизглед исправно решение. За жал резултираше со голем број на заразени и починати. Од почетокот на пандемијата беа регистрирани повеќе од 23,000 заболени, згаснаа повеќе од 2800 животи. Заразен е и голем дел од медицинскиот персонал.

Оваа поразителна статистика, меѓутоа не ја обесхрабри принцезата Софија, војвотката од Вармланд (35), да облече медицинска униформа и да се вклучи во доброволните редови. Започна да работи на одделението за нега во болницата “Sofiahemet”, на која таа самата е покровител и почесен претседател.

Во раните години таа и самата била вклучена во работата на болницата Sofiahemet.
Таа е задолжена за чистење на болничките соби, подготвување оброци но и грижа за пациентите, иако е во прашање степен на едноставна нега, таа една недела морала да помине низ соодветна медицинска обука.

„Во раните години и самата бев вклучена во работата на болницата Sofiahemet. Меѓутоа особено ми е драго што имам прилика да помогнам во овие тешки времиња“ – напиша Софија на својот официјален Инстаграм профил кој го раководат таа и нејзиниот сопруг, принцот Карл Филип, војводата од Вармланд.

Кралскиот пар има две деца – Александар, војвода од Солдерманланд (4) и Габриел војвода од Даларн (2).


Софија и Карл се познати ширум светот по хуманитарната работа. Исто така тие започнаа и фондација која се бори против говорот на омраза и онлајн злоставувањето. Токму со тие проблеми на почетокот на врската со принцот Карл беше соочена и самата Софија.

Пред да ја започне емотивната врска со принцот Карл Филип и да стане член од кралското семејство, на јавноста Софија и беше позната како модел од насловните страни на машките списанија и како учесничка во ријалити шоу за што беше жестоко осудувана.
Погрдни изјави беа упатувани кон неа дури и по раѓањето на принцовите.

Таа се сеќава со горчина на тој период а своевремено откри дека вложила доста труд и време за да ја засакаат и прифатат граѓаните на Шведското кралство.

„Се сретнав со огромна количина на омраза од луѓе кои никогаш не ме сретнале во живот нити ме познавале лично, но имаа одредени претпоставки за мене и мојот љубовен живот. Бев доста изненадена и морам да признаам дека сето тоа многу влијаеше врз мене. Никако не можев да разберам зошто имаа потреба да го искажат своето лошо мислење за мене. Тоа беше особено тежок период за мене“ – изјави таа претходно, верувајќи дека психичкото злоставување е се поприсутно и помеѓу децата. Таа заедно со својот сопруг држи трибини за најмладите и повикува на човечност и добронамерност.

„Бев веќе возрасна кога почнаа да ми се случуваат лоши нешта. Сето тоа ме погоди и загрижи доста. Можам само да претпоставам што се случува во едно училишно опкружување и колку големо тоа може да биде во детската перспектива. Децата немаат исти погледи на светот како и ние возрасните и во таа доба сеуште не разбираат дека не треба да се грижат за такви нешта“ – објаснува војвотката која со тек на време престана да реагира на лошите натписи и шпекулации.
Во меѓувреме таа изјави дека им простува на сите кои се обиделе да и го уништат бракот и репутацијата.

„Што се однесува до мене, тоа сето останува некаде во минатото“ – признава Софија.




Коментари

[fbcomments]