Категории

Си верувал и си се разочарал? – Не се откажувај, љубовта секогаш изненадува

Во ред е тоа што чувствуваш разочарување, тоа што си имал високи надежи кои не биле исполнети. Во ред е да се лутиш на себеси поради тоа што си градел кули во воздух.
Во ред е затоа што барем за миг си се обидел, си и дал шанса на надежта и не си ја изгубил довербата во љубовта и животот во потполност. 

Во ред е да ти недостига некој кој не бил доволно добар за тебе, но во еден момент ти го пружил она кое ти било потребно. Можеби тоа биле зборови кои те утешиле и биле изговорени во вистинско време. Можеби тоа бил неговиот допир кој направил да се чувствуваш како некаде да припаѓаш, прусуство кое ја пополнало твојата празнина.

Некој кој те слушал внимателно кога си зборувал. Можеби бил некој кој вистински те разбрал.
Си ја засакал таа личност поради сите убави спомени кои ти ги пружила, но сепак и покрај сите убави нешта таа не успеала да ги исполни сите твои очекувања.

Во ред е тоа што чувствуваш разочарување, тоа што си имал високи надежи кои не биле исполнети. Во ред е да се лутиш на себеси поради тоа што си градел кули во воздух.
Во ред е затоа што барем за миг си се обидел, си и дал шанса на надежта и не си ја изгубил довербата во љубовта и животот во потполност.

Ќе станеш повторно, ќе се исправиш и ќе бидеш во мир со себеси, ништо не завршува со едно разочарување, нити со второ нити со трето.
Ништо не завршува тука. Она што е важно е дека се додека имаш отворени дланки кон светот, тој секогаш може да те изненади со нешто убаво дури и тогаш кога воопшто не очекуваш.