Категории

Сигнали дека вашата симпатија ве избегнува

Запознавањето може да биде вистински напорно – сите испраќаат различни сигнали, а може да биде и предизвик да се открие што луѓе вистински мислат. Потполно е нормално да се анализира значењето на пораките.

Многу информации можат да се добијат од тоа како некој пишува, но има и многу други нешта кои можеби не сте ги знаеле. Сигналите се токму тоа. Не се дефинитивни и не кажуваат за сигурно што вашата симпатија мисли.

Постојат неколку навестувања кои би можеле да ви бидат корисни.

ДОЛГО ВРЕМЕ ЧЕКАТЕ ОДГОВОР
Ако чекате неколку часа вашата симпатија да ви одговори на пораката, тоа би можело да биде само затоа што се подготвува да почне да ве избегнува. Тоа не мора да е случај – не се сите луѓе во можност брзо да одговараат на пораките. Тоа е само знак кој може но и не мора да биде точен.

ЛОЛ
Ако на вашата симпатија му испратите смешен текст или некое симпатично меме, а тие одговарат едностано со „лол“ или „хахаха“ тоа би можело да биде знак. Тоа не значи дека „лол“ е лош одговор во сите околности, тоа само значи дека вашата симпатија сакала да напише нешто набрзина.

НЕМА НИКАКВИ ПРАШАЊА
Не се сите добри во поставување на прашања, но некој кој обично поставува многу прашања, а во последно време не ве прашува многу, може да се покаже како знак дека повеќе не е заинтересиран за разговор. Ако поставувате прашање, а тие одговараат и не ве прашуваат ништо, тоа би можело да биде знак на избегнување.

НЕДЕФИНИРАНИ ОДГОВОРИ
Не сите сакаат да испраќаат долги одговори, но ако се чувствувате како некој да е намерно неодреден, тоа би можело да биде знак дека планира да се „изгуби“.

КРАТКИ ПОРАКИ
Ако вашата симпатија вообичаено ви испраќала по неколку пораки една по подруга, а сега само ви испраќа кратки одговори, можеби се обидува полека да го излади односот. Меѓутоа, можеби е едноставно зафатена, па затоа обавезно погледнете ги и другите знаци.

АКТИВНОСТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ
Ако забележите дека вашата симпатија поставила Instagram story,  а вам не ви одговорила на пораката тоа може да биде прилично фрустрирачко. Знае дека ги гледате нивните stories, па претпоставувате дека се обидуваат да ви испратат сигнал, и искрено – понекогаш е вистински така. Ако некој објави нешто на социјалните мрежи пред да одговори на вашата порака, можеби губи интерес.

НАЧИН НА ДОПИШУВАЊЕ
Кога динамиката на испраќање пораки се менува, тоа може да значи и промена на чувствата. Ако со вашата симпатија сте се се шегувале преку пораки, а сега едвај разменувате неколку реченици, тоа може да биде јасен знак. Нема ништо лошо во конкретни одговори на пораките, но ако знаете дека некој има шеговита страна која сега ја крие, можеби се повлекува.

НЕМА ПОРАКА ПОСЛЕ СРЕДБАТА
После состанокот, нормално е некој да испрати порака во која вели дека си поминал добро (исто така нормално е и да не испрати или да ја испрати после неколку дена). Ако вашата симпатија тоа го правела во минатото, а сега престанала, тоа може да биде поради тоа што планира да се дистанцира.

САМО ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊАТА
Ако испратите порака и не добиете одговор, тоа може да значи дека вашата симпатија не знае што да каже или бара начин да ја прекине интеракцијата со вас.

Прегледи:
75