Силната личност никогаш нема да биде нечија играчка – Таа сама ја води играта во својот живот

Силната личност е онаа личност која нема да го компромитира својот карактер само за да биде прифатена од оние на кои тоа ништо не им значи туку секојдневно ќе се труди да биде што по препознатлива во она што ја прави оригинална. 

Настојувај да ја добиеш битката или замини од игралиштето што побрзо пред другите да се нахранат со твојот пораз, така гласи непишаното правило. Но понекогаш сите тие ударци во животот не зацврстуваат на тој начин да станеме силна личност. Но што значи тоа? Силната личност е онаа личност која не мора своите ставови да ги прилагодува врз ставовите на другите затоа што е свесна дека тоа нема да го промени животот на подобро, нити ќе и донесе нешто позитивно освен постојано прилагодување на другите.

Силната личност е онаа личност која нема да го компромитира својот карактер само за да биде прифатена од оние на кои тоа ништо не им значи туку секојдневно ќе се труди да биде што по препознатлива во она што ја прави оригинална. Силната личност е онаа личност која иако околностите и другите луѓе ја скршиле на милион парчиња, но има сила да го собере сето тоа и повторно да се исправи со високо подигната глава, знајеќи дека повторно ќе се врати во форма и ќе ја добие битката која претходно ја загубила.

Силната личност е онаа личност која не се враќа во своето минато, нити бега во некоја имагинарна иднина, туку се соочува не само со проблемите надвор од себе туку и со проблемите во себе. Силната личност никогаш нема да биде нечија играчка, туку сама ќе почне да ја води играта во својот живот, сфаќајќи дека доколку животот почнеш да го земаш премногу сериозно, таа сериозност ќе те убие, но доколку го доживуваш по лежерно, тој таков и ќе стане.

Затоа не дозволувајте другите луѓе да одлучуваат што ќе сте и што ќе бидете. Нивните негативни зборови, сомнежи, стравови, несигурности држете ги на дистанца. Ќе станете силни кога ќе сфатите дека никој не може да ви ја даде нити да ви ја одземе вредноста која ја носите во себе, тоа е она кое што вие сте го направиле од себеси во текот на својот живот, во текот на сите предизвици и проблеми низ кои сте поминале и од кои сте излегле повредени, но на крајот појаки и свесни за се.




Коментари

[fbcomments]