Категории

Силни менструални болки – Како да се ослободите од нив?

Болките можат да бидат тапи, во стомакот или грбот, и да поминат после неколку часа, а можат да бидат и во вид на грчеви кои траат и повеќе денови, пропратени со повраќање и несвестица.

Кај речиси третина од младите жени, контрацептивните пилули ги намалуваат менструалните болки кои, познато е дека требаат дури и по неколку денови, а најинтензивни се во тинејџерскиот период.
Истражувањето на Универзитетот во Гетеборг, на кое бев опфатени испитаници од 19 до 24 години, покажа дека пилулите за контрацепција ја редуцирале болката за најмалку еден степен на скалата од еден до десет.

Со оглед на тоа дека менструалните болки се предизвикани од хормонот простагландин кој доведува до контракции на матката, се претпоставува дека пилулите за контрацепција го спречуваат производството на овој хормон, со што се олеснуваат грчевите.
Ова откритие според нивните зборови, е доста важно, затоа што половина од жените патат од менструални болки.

Тие можат да бидат и тапи болки, а се појавуаат во пределот на стомакот и грбот и најчесто поминуваат после неколку часа, а можат и да бидат во вид на грчеви кои траат неколку денови пропратени со повраќање и несвестица.
Освен пилули, стручњаците советуваат пливање, џогирање, шетање или јога за ефикасно ослободување од овие болки, како и прва помош со топли облоги на стомакот.

 

Прегледи:
237
Објавено на:
07.05.2020