Синдром Мерилин Монро: Што е тоа и како да го препознаете?

Мерилин Монро е икона на женственоста и сексапилот, која и до ден денес има многу фанови и е многу сакана. Меѓутоа, наспроти големата популарност, таа била жена која чувствувала осаменост и празнина во себе. Синдромот Мерилин Монро ги опишува луѓето кои како и Монро, ги сака пошироката јавност, но всушност никој не се обидува да ги запознае. Тоа се луѓе кои се осудени на самотија, исто како и таа.

Во книгата „Marilyn Sindrome“ на авторката Елизабет Макавои, таа опишува дека пред да почине Мерилин физички, таа во душата веќе била мртва.

Синдром Мерилин Монро: Кого погодува?

Синдромот Мерилин Монро денес е многу вообичаен, само мал број на луѓе сфаќа дека оваа состојба на љубовта во психологијата има професионално име. Овој синдром најчесто ги погодува актерите, уметниците, луѓето од насловните страни – сакани од страна на публиката, препознатливи и успешни. Тие се всушност само инструмент во рацете на луѓето кои сакаат да успеат. Личностите кои патат од овој синдром на почетокот не се ни свесни за тоа. Сакаат да бидат во центарот на вниманието и сакаат славата да трае вечно.

Како да го препознаете овој синдром?

Луѓето кои патат од синдромот Мерилин Монро се разликуваат по одредени карактеристични особини.

  • Си говорат себеси дека мора да бидат совршени.
  • Мислат дека не заслужуваат љубов, иако сонуваат за неа.
  • Имаат комплекси, иако се привлечни личности.
  • Немаат среќа во љубовта.
  • Бегаат од реалноста.
  • Секоја „љубов“ не успева.

Синдромот Мерилин Монро најчесто ги погодува жените. Ова се неколку цитати од познатата актерка кои ќе ве наведат да размислите.

„Кариерата е прекрасна, но не можете да ја гушнете во ладната ноќ.“

„Подобро да бидете сам и несреќен, отколку несреќен со некој друг.“

„Никогаш не можев да се помирам со моето создавање како секс симбол.“

„Предметот е направен за секс. Мразам да мислам дека треба да бидам предмет.“

„Што му вреди на човекот кога ќе го има целиот свет ако ја изгуби својата душа?“

„Холивуд е местото каде плаќате илјада долари за своето тело, а само 50 центи по душа.“

„Ако не можам да бидам мајка, дозволете ми да бидам барем актерка, морам да бидам некој, и што и да е, сакам да бидам добра во тоа!“

„Секогаш го добивам горчливиот крај од лижавчето.“




Коментари

коментари