Категории

Синдромот „скршено срце“ е во пораст

Бројот на луѓе со синдром скршено срце е сѐ поголем, а тоа болно чувство доаѓа со тешка дијагноза.

Една студија откри дека синдромот скршено срце е во пораст и покажува јасна врска за тоа како срцето и мозокот реагираат заедно кога е присутна анксиозноста и стресот.

Такотсубо синдромот, исто така познат како синдром на скршено срце, може да се манифестира како срцев удар, предизвикувајќи болки во градите и краток здив што ги ослабува срцевиот мускул.

Обично се случува по тежок физички или емоционален настан, како што е прекинување на врска, сообраќајна несреќа или дури и изненадување за роденденска забава.

 

Студијата покажала дека мажите и жените подеднакво го искусиле синдромот на скршено срце кој е во пораст последниве години, а жените на возраст од 50 д 74 години забележиле највисок пораст. Од 135.463 случаи на синдром на скршено срце, пријавени во САД од 2006. до 2017. година, 88,3% од случаите биле кај стари жени.

Иако се ретки, тешките случаи на синдромот скршено срце можат да доведат до смрт, а луѓето кои завршуваат на интензивна нега се обидуваат да се опорават со денови и недели. Стресот е главна причина за овој синдром, предизвикувајќи „шок на системот“.

Прегледи:
185
Објавено на:
18.11.2021