Категории

Сиромаштијата е големо искушение… Ако ја преживее човек станува или лаком или хуманитарец

Сиромаштијата е големо искушение. После неа, ако ја преживее, човекот или станува лаком, бидејќи сѐ му е премалку, или хуманитарец, бидејќи сѐ му е многу. 

Во секој случај, немаштијата дава еден посебен поглед на животот. Да, и немаштијата дава. Па или земаме или одземаме. Своето искуство со сиромаштијата во еден период од животот го сметам за многу корисно. Тогаш не само што научив што сѐ можам (за да го имам она што ми треба), туку многу поважно од тоа – сфатив што не ми треба. Во немаштијата човекот има прецизна листа на приоритети. Во изобилието таа лесно се губи. А кога човекот ќе изгуби од вид кои му се приоритетите, тогаѓ е на добар пат да се изгуби и себеси.

Бранкица Дамјановиќ

Прегледи:
523
Објавено на:
07.02.2020