Категории

Сите бои на Милано: Вака се облекуваат жените со стил во европската престолнина на модата!

Едно е сигурно – ќе доминираат нијанси на зелена и портокалова боја

Модната недела во Милано е во полн ек, па љубителите на модата кои можат да си го дозволат тоа веќе се во Европската престолнина на трендовите.

Покрај феноменалните модели од најновите колекции на реномираните брендови кои овие денови се преставуваат на ревиите, по улиците дефилираат совршено облечени жени кои дефинитивно знаат што е стил и од кои можеме да научиме многу.

Во галеријата ви претставуваме неколку од најубавите комбинации што ги пронајдовме, во кои сигурно ќе можете да пронајдете модна инспирација за пролетта, која веќе полека тропа на нашата врата!

Прегледи:
482
Објавено на:
21.02.2020