Сите ги знаеме добрите, а ова се „лошите“ страни на интелигентните луѓе

Добро е да се биде интелигентен, но сите работи ги имаат и своите лоши страни. Ова се „лошите“ страни на интелигентните луѓе.

Интелигенција создава притисок за успех

Поради лесното разбирање на работите се создава внатрешен притисок за: подобра кариера, повисок приход и повисок социјален статус. Овој притисок станува терет кога работите не функционираат и кога очекувањата не се реализираат. Луѓето со висока интелигенција можат да станат премногу самокритични.

Пријателство

Луѓето со голема интелигенција немаат социјален сензибилитет како другите луѓе. Тие, исто така, ги отфрлаат потенцијалните пријатели кои не го покажуваат истото ниво на увид.

Аналитичко преоптоварување

Донесувањето одлуки е тешко и макотрпно поради многуте активности на мозокот. Поради ова интелигентните луѓе често страдаат од несоница и депресија.

Интелектуална изолација

Бидејќи се предодредени да споделуваат знаење со другите, интелигентните луѓе често се сметаат за претенциозни. Додека ефективно ги изнесуваат фактите, често се фрустрирани поради неспособноста на другите да ги разберат.

Вистинската среќа е комплицирана

Во 1926 година, психологот Луис Терман идентификувал 1.500 студенти во Калифорнија со коефициент на интелигенција (IQ) од 140 или повеќе, од кои 80 имале IQ поголем од 170. Во нивниот извештај за задоволството од животот, високиот интелект може да значи дека сте помалку исполнети. Хронично размислување води до социјална анксиозност. Неможноста да се побара помош ја зголемува изолацијата, а тишината ја уништува самодовербата.




Коментари

[fbcomments]