Категории

Сите кои чуваат миленик ќе се пронајдат – Девојка го имитира однесувањето на своето куче а тоа е зачудено

(ВИДЕО) Бритни Конер, сопственичка на златен ретривер по име Налу, реши да му покаже како е да се живее со него еден ден, па таа почна да го задева и да ги прави сите тешки работи што и ги прави секој ден.

Таа ја сними целата сцена и ја објави на „ТикТок“, каде видеото стана хит. На видеото се гледа како Бритни го носи Налуа на плажа, и фрла песок кон него, се преправа дека копа, бега од него и се преправа дека воопшто не сака да оди дома. Се чинеше дека Налу ја сфати поентата и поради неговиот израз на лицето, бројни коментатори почнаа да се шегуваат дека веројатно никогаш не би му паднало на памет да се глупира повторно.

 

@brittney.conner@tiktok please don’t take this down again! I’m in a bikini!

♬ Let Me Know – Surfaces


„Тоа беше премногу за него“, напиша еден корисник.

„Ништо не му беше јасно“, се пошегува друг.

„Најсмешно беше кога започна да копаш“, рече третиот.

Прегледи:
87
Категории:
Животни · Секојдневие
Објавено на:
08.07.2021