Категории

Сите на крајот ќе стигнеме онаму каде што припаѓаме

Затоа не плашете се од своите одлуки нити од резултатите кои ќе ги донесат.

Сите во животот правиме нешта за кои еден ден ќе посакаме никогаш да не сме ги направиле или да можеме да ги повториме уште илјада пати.

Сите тие нешта, добри или лоши, не претвораат во човекот кој сме денес. На крајот на краиштата, тие нешта ги оформуваат деталите кои не прават.  Ако можеме да промениме било што од нив, не би биле на ова место и во ова време каде што сме денес.

Затоа не плашете се од своите одлуки нити од резултатите кои ќе ги донесат. Сите на крајот ќе стигнеме онаму каде што сме наменети да бидеме, онаму каде што припаѓаме.

На секому му припаѓа свој пат кој мора да го изоди и личност во која треба да се претвори.
Сите имаме само наше патешествие и авантура и тоа е најпрекрасното нешто на овој свет.

Прегледи:
464
Објавено на:
05.07.2020