Сите нијанси на кафени очи

plava senka

Темнокафени очи
Користете сенки во боја на слива, темнозелена и сива боја. На аглите нанесете малку посветли тонови, а за вечерен изглед ставете бронзена или златна нијанса.

Кафени очи
Зелените и виолетовите нијанси одговараат на кафените очи. Исто така, можете да ставите и неутрална сенка во комбинација со бакарен ајлајнер.

Светлокафени очи
Изберете комбинација од светловиолетова нијанса и боја на шампањ, со бронзен или кафен ајлајнер. За дневни варијанти користете неутрални кафени нијанси. Надоврешниот дел од капакот исенчајте го, а за поизразен поглед додајте малку златна или зелена боја.

Сина сенка за кафени очи
За смели и екстравагантни дами предлагаме морскосина или тиркизна сенка. Сенката во дебел слој нанесете ја само на горниот капак, а долниот истакнете го со бел молив. За посуптилен изглед предлагаме светлосина нијанса и син молив или ајлајнер.




Коментари

коментари