Категории

Сите синооки се роднини?

Окото е најбрзиот мускул во телото. Трепкањето вообичаено трае 100-150 милисекунди, а во просек трепкаме околу 4 200 000 пати годишно.

Многумина велат дека очите се огледало на душата. Се верува дека очите, во многу примитивна форма, се развиле кај животните пред 550 милиони години.
Ние всушност „гледаме“ со мозокот, а не со очите, затоа што тие функционираат како камера, ја впиваат светлината и ги испраќаат податоците до мозокот. При тоа, сликата која ја добива мозокот е свртена наопаку, мозокот е тој кој ја исправува сликата.


Во само една секунда можеме да трепнеме дури 5 пати, а тоа почесто го правиме кога зборуваме.
Кога човечкото око би било дигитална камера би имало 576 мегапиксели.
Најчестата боја на очи е кафеавата.
Синооките луѓе делат ист заеднички предок со сите останати на светот кои имаат очи во боја на небото.