Сите во Битола! Марија е специјален гостин и ќе ја изведе премиерно во живо јуниорската песна која ќе не претстави на Детска Евровизија

Специјален гостин на 19-от детски музички фестивал ТРА ЛА ЛА 2018, во Битола е Марија Спасовска од Скопје, овогодинешниот македонски претставник на детска Евровизија.

Таа е учесник на 19-тото издание на Интернационалниот музички фестивал ТРА ЛА ЛА, каде во конкуренција на 105 учесници од 18. држави, Марија ја освои Специјалната награда на фестивалот. Досега таа учествуваше на многу меѓународни фестивали со голем број на освоени награди и признанија.

Оваа година, на 25. ноември, Марија Спасовска ќе ја претставува нашата држава на детската Евровизија со песната „Дома“, која и премиерно ќе ја изведе пред битолската публика на Гала концертот на детскиот музички фестивал ТРА ЛА ЛА, кој ќе се одржи во Големата сала при Центарот за култура во Битола на 02.11.2018, со почеток од 19,30 часот.

Марија и на својата фан страна ги повика сите љубители на музиката да присуствуваат и премиерно да ја слушнат нејзината изведба на еворвизиската композиција во живо.

Среќно Марија, цела Македонија ќе биде со тебе во Минск, Белорусија и ќе ти ја посакаме сета среќа на овој свет за твој и наш успех!




Коментари

коментари