Ситни посни колачи: Бомбици од цвекло за љубителите на модерната кујна

Овие енергетски бомбици можат да послужат како одлична закуска за оние што често вежбаат.

Бомбиците од цвекло се препорака од Оливија Куни, фитнес тренер кој работи со познати личности.

 

Состојки:

  • 1 варено, изладено цвекло (приближно 75 g)
  • 75 гр овесни снегулки
  • 100 гр урми
  • 2 лажици путер
  • 3 лажици какао во прав или некој протеин во прав
  • 1 лажица мед
  • 1 лажичка есенција од ванила
  • малку сол

 

Подготовка:

Изрендајте го и исцедете го цвеклото. Ставете го заедно со урмите, путерот и медот во блендер и блендирајте додека убаво не се соединат. Потоа додадете ги овесот, какаото, ванилата и солта и измешајте за да се соединат состојките. Со влажни раце, обликувајте ги бомбиците и по желба извалкајте ги во омилените семиња, кокосовото брашно, какаото во прав… Ставете ги во ладилник 10 – 15 минути пред сервирање. Чувајте ги во ладилник.




Коментари

[fbcomments]