Категории

Ситници кои ве прават помалку привлечни

Кога некој не е емпатичен и зборува нешта без размислувње дали ќе ги повредат туѓите чувства, тоа може да остави доста лош впечаток.

Постојат обрасци на однесување кои не се привлечни ни за жените ни за мажите. Проверете дали ги правите некои од нив..

Често критикување
Познато е она дека „кој се препира, тој се сака“, но и тоа има одредени граници. Кога некој постојано ја задева личност покрај себе, тоа може да прерасне во навреда и да звучи непристојно. Не смее да се претерува со шегите, затоа што на личноста може да и дојде преку глава од вашите неумешни коментари.

Без смисла за хумор
Не значи дека треба да бидете најдуховитата личност на светот, но кога воопшто немате смисла за хумор, тоа е особено непривлечно. Тоа го покажуваат и резултатите од истражувањето од 2009 година. Нема ништо поубаво од тоа да се смеете заедно и нема ништо попривлечно од насмевката.

Непристоен говор на телото
Говорот на телото ни открива многу нешта, но и тоа дали соговорникот ни е симпатичен или не. Доколку горниот дел од телото и нозете се насочени кон соговорникот, тоа значи дека ни се допаѓа, но може и да не направи подопадливи на другата личност. Меѓутоа, затвореното држење, на пример, прекрстените раце, делуваат помалку привлечно.

Зборување без размислување
Доколку постојано нешто зборувате без претходно да размислите и промислите, тоа делува непривлечно за друштвото и околината. Кога некој не е емпатичен и зборува нешта без размислување дали ќе ги повреди туѓите чувства, тоа може да остави доста лош впечаток.

Прегледи:
790
Објавено на:
24.10.2020