Сив фустан – парче облека што никогаш нема да излезе од мода

Сивиот фустан е „must have“ во гардероба на секоја модерна жена.

Постојат безброј модели, но сивиот фустан е класика што е идеална за работа, излегување, патувања … Сивиот фустан треба да заземе почесно место во плакарот на секоја љубителка на едноставност и класика, кој може го замени црниот фустан, секој ден и за време на важни прослави.


Сивата боја има цел спектар на тонови – од нежно сива до најтемни нијанси како графит. Големиот избор на тонови прави огромно поле за комбинации со други бои и модни додатоци. Сивата боја може да биде идеална основа за многу стилови. Оваа боја припаѓа на елегантниот опсег на бои поврзани со класичен стил и едноставност. Затоа, не е ни чудо што сивите фустани се креации што обично се гледаат на празнични прослави, вечери, корпоративни настани, како и во секојдневниот бизнис кога се бара беспрекорен изглед.

Сивата совршено се комбинира и со многу други бои. Жолта, црна, бела и розова се само неколку од боите кои идеално одат заедно со сива и можат да се користат како додатоци за сив фустан.

Погледнете ги најновите сиви фустани и одберете си нешто за себе!




Коментари

коментари