Категории

Скапоцени нешта во животот на кои најчесто забораваме

Во бурниот модерен живот и во трката по амбиции, често забораваме на важните животни правила кои се клучни за нашата среќа. Нашето его најмногу не држи во состојба на заборав, обидувајќи се да ја прекине врската со нашето битие во целина и да не контролира. Така забораваме на што треба да бидеме благодарни и кои се активностите кои не движат, не прават свои, среќни и успешни.

Еве список од 12 животни правила кои сте ги заборавиле, а кои се исклучително важни за да живеете онака како што сакате и како што заслужувате:

1. Го заборавивме нашето место во светот на природата – Во текот на изминатите неколку стотини години, како што напредуваше технологијата, човештвото се одвои од природата. Ја експлоатиравме природата, ја опустошивме, апсорбиравме и се обидовме да ја контролираме – сето тоа само за да ја задоволиме нашата алчност, водени од себичното лудило. Се обидовме да се дистанцираме од природниот циклус на животот. Заборавивме како да ги слушаме и разбираме природните ритми и циклуси на Земјата – нејзините знаци, нејзиниот јазик. Заборавивме дека мора да живееме во хармонија со природата.

2. Ја заборавивме нашата поврзаност со животот и космосот – Одвојувајќи се од природата, заборавивме дека сме длабоко поврзани не само со неа, туку и со циклусите на универзумот. Заборавивме дека свеста на сите живи суштества во светот е меѓусебно поврзана и испреплетена, формирајќи еден толку сложен и убав танц наречен живот.

3. Ја заборавивме древната мудрост – Ја заборавивме мудроста на нашите предци. Во потрагата по научно знаење, го рационализиравме нашето размислување и заборавивме дека главната мудрост на животот може да се реализира само со отворање на нашите срца. Поуките и зборовите на нашите предци сè уште можат да ја отворат вратата на среќата и вистинската животна мисија – потсетете се на нив!

4. Ги заборавивме нашите соништа – Напуштајќи го нашиот внатрешен пат, ги заборавивме соништата што некогаш ги сонувавме. Уште поважно, заборавивме како да се разбудиме во тие соништа за да ја видиме нашата вистинска природа како коавтори на животот – односно како сонувачи. Заборавивме дека имаме моќ да ги оствариме соништата преку намера.

5. Ја заборавивме нашата цел – Заборавивме зошто дојдовме на овој свет. Ја изгубивме нашата вистинска природа, онаа внатрешна искра што нè води кон среќа и самоспознавање. Ѕирнете внатре и реализирајте ја вашата цел.

6. Заборавивме дека се е љубов – Ова е можеби најскриената тајна на овој свет. Ова е сеопфатна вистина, која само малкумина ја разбираат. Искрата на љубовта се крие некаде длабоко во секој човек. Заборавивме дека сите луѓе се, на крајот на краиштата, сноп од енергија и свест, и дека љубовта е основното ткиво на постоењето кое се провлекува низ целата наша енергија и свест.

7. Заборавивме дека треба да простуваме – Простувањето е чин на потсетување дека сме едно со секого и со се и дека во светот нема жртви или сторители. Само ние сите постоиме заедно во таа тенка мрежа што ја нарекуваме „живот“. Кога ќе научите да простувате, тогаш голем товар паѓа од срцето.

8. Заборавивме на слободата – Родени сме и израснати во „реалност“ каде слободата е само концепт. Ние сме врзани со оковите на стравот, лажните идеи, лажните идеологии, материјалните награди, правилата и законите поставени да ги штитат интересите на само неколку од нас. Принудени сме да заборавиме дека сме слободни носители на промените. Слободни сме да бидеме она што навистина сме без страв и вина. Ние сме родени како слободни суштества, така треба да останете.

9. Ја заборавивме нашата вистинска сила – Постојаното живеење во страв не натера да заборавиме колку сме силни. Заборавивме дека имаме голема сила на волја и намери, со чија помош можеме да ја промениме околната реалност. Во вас има неверојатна моќ која е движечка сила за остварување на сите соништа.

10. Ги заборавивме лекциите од искуството – Ако историјата нè научи нешто, тоа е колку брзо ги забораваме лекциите. Ги повторуваме истите грешки одново и одново, заглавени во истите стапици на алчност и самоуништување. Потсетете се на вашите искуства и станете свесни за она што сте го научиле од нив. Применете го она што сте го научиле во пракса.

11. Заборавивме на едноставноста – Животот е всушност многу едноставна работа. Едноставноста значи откажување од сите неважни работи и идеи кои не спречуваат да ја видиме нашата животна цел и другите вистини што сме ги заборавиле. Кога гледате на животот како едноставен, тој станува таков.

12. Заборавивме како да веруваме и да се изненадиме – Заборавивме колку е неверојатен нашиот живот и дека чудата можат да се случат кога најмалку очекуваш!

Прегледи:
289
Објавено на:
13.02.2022