Категории

Скопјанец си купи автомобил со кусурот кој го собирал 5 години

Сте виделе ли некогаш 2000 евра во денари? Во ситни пари или железни или монети. Од искуство знаете дека и петстотини денари во паричникот се претежок товар од кој гледате на секој начин да се ослободите.

Од таков претежок товар решил да се ослободи и скопјанец, па нашол генијален начин. Кусурот собиран пет години го вложил во автомобил и се почестил со ситроен С5, пишува Република.

–Почнав со собирање и си реков ќе си купам нешто поголемо… испадна кола. Собирав секој ден, од кусур. Секоја вечер ги празнев џебовите и ги ставав ситните пари настрана. И ете, по пет години се собраа 2000 еврараскажува упорниот скопјанец, пишува Република.

Читателот кој ги испратил фотографиите е среќниот продавач.

skopjec-kusur-640x640-68141

–Пари си се пари, но што да правам со 65 килограми монети, од каде да почнам, низ смеа вели тој и почнува да брои:

440х50=22000 метални педесетденарки

5190 денари се во монети од еден денар и два денари

1500х5=7500 петденарки

2400х10=24.000 хартиени десетденарки

3500х10=35000 метални десетденарки

Вкупно 2000 евра.

Прегледи:
546
Објавено на:
27.07.2016