Категории

Скопје Сити Мол слави 10 години – Забава, концерти, попусти и шопинг за сите возрасти!

Со голема роденденска прослава и огромни попусти како што и доликува на најомилениоттрговски центар во главниот град, Скопје Сити Мол го одбележува десетгодишниот јубилеј. Со концерти и забава прилагодена на различни вкусови и возрасни групи, Скопје Сити Мол ќе ги прослави првите 10 години од своето постоење. Од огнено шоу, огромни маскоти, фотобут за супер фотки, детска програма до големи концерти овој викенд сите сме во Скопје Сити Мол.

Концертите се закажани за претстојниот викенд, а на нив ќе настапат познати домашни музички ѕвезди, групи, диџеи, уметници и таленти. Трите роденденски настани ќе се одржат на 30 септември, 1 и 2 октомври, на најгорното ниво од катната гаража во Скопје Сити Мол.

Вратите за концертите за роденденската забава во првите два дена се отвораат во 20:00 часот, додека концертите започнуваат во 21 часот. На третиот ден ќе вратите се отвораат на пладне, а програмата започнува во 12:30 минути по пладне и ќе трае до 16 часот.

Локацијата за одржување на сите концерти е кровот на Скопје Сити Мол, каде од безбедносни причини и за комфор на присутните, проектирано е да прими до 2500 посетители. Влезот на концертите е слободен. Откако капацитетот ќе се исполни, влезовите за концертите ќе бидат затворени, по што ќе продолжат да работат на принцип излез-влез поради одржување на бројката од 2500 луѓе.

Прегледи:
93
Објавено на:
27.09.2022