Категории

Скопје танцовиот театар од вчера со почеток во 18:30 часот, започна со бесплатно премиерно емитување на претстави

Скопје танцовиот театар од вчера, 23.03.2020 година (понеделник) со почеток во 18:30 часот, започна со бесплатно премиерно емитување на претстави во сопствена продукција, од архивата со која располага, со цел да допреме до публиката и сите љубители на танцот.

На FB страницата на https://www.facebook.com/skopjedancetheater/ беше поставен директен линк до Youtube каналот на Скопје танцовиот театар, кадешто публиката ќе може премиерно да ја проследи претставата „СМС (сите мои слики)“ во кореографија на Рисима Рисимкин, на музика на Дуке Бојаџиев, сценографија на Матеа Мијановиќ, а костими на Благој Мицевски. Во претставата настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Тринга Хиса, Валентино Апостоловски, Јакуб Мунко, Матеа Киселичка, Александра Петрушевска, Дора Кокољ, Андријана Андреева, Роберт Кентер (Холандија), Ефтимиос Цимагерис (Грција), Патрик де Кирко (Италија), Ана Марковска, Елена Здравевска. Претставата е премиерно изведена во 2015 година, а истата година во мај, гостуваше на најголемиот фестивал во Пекинг „Средба во Пекинг“ во култната зона „Арт дистрикт 798“.

Програма за оваа недела, љубителите на танцот ќе може да ја видат во целост на Facebook страницата.

Директен линк до вчерашниот онлајн настан: https://www.facebook.com/events/2548896052032237/?event_time_id=2548896058698903