Категории

Скопје во есен мириса на костен – кои се неговите придобивки?

Есента во Скопје, како и во многу други метрополи ширум светот, се карактеризира со еден специфичен убав мирис кој се шири наоколу. Го има по плоштадите, низ прометните градски шеталишта, пракитично се чувствува насекаде каде и да одите. Се разбира, Ви говориме за неодоливиот мирис на печениот костен.

Мирисот на печените костени е знак дека времето почнува да заладува. Но, дали сте знаеле дека покрај пријатната арома и одличниот вкус, костените имаат да ни понудат и многу повеќе од тоа? Како и повеќето јаткасти плодови, така и костените имаат навистина импресивна хранлива вредност, која поттикнува различни здравствени придобивки за кои ќе зборуваме во продолжение.

Познати се стотици различни видови на костени, но генерално се делат на питоми и диви. Додека питомиот костен е вкусен и е вистински деликатес, дивиот костен не се јаде, но е многу лековит. Од него се приготвуваат креми, тинктури и други медицински препарати. Најчесто се применува за лечење на проблеми со вените, артитис и реума. Плодовите на питомиот костен ја чисти крвта и го зајакнуваат имунитетот. Богати се со витамин А, витамини од Б групата (Б1, Б2 и Б6), и е единствениот јаткаст плод кој содржи витамин Ц. Овие нутриенти се сочувани за време на готвењето, бидејќи дебелата кора ги заштитува. Плодот на костенот е богат со фолати, што инаку е карактеристично за зелениот листест зеленчук. Костенот содржи високо ниво на моно-незаситени масти, како што се оленската и палмитинската. Тие го штитат кардиоваскуларниот систем и заедно со влакната во костенот, може да го намалат нивото на холестеролот. Плодовите на костенот се извондредно хранливи и содржат голем број на минерали меѓу кои се: магнезиумот, калциумот, калиумот, фосфорот и железото.

За сите придобивки и примени на костените, прочитајте ТУКА!

Прегледи:
530
Објавено на:
29.11.2021