Категории

Скопскиот бенд Бона Деа со прекрасни изведби на француски песни

Бона Деа е музичка група од Скопје, составена од Марија, Александра и Дарко. Тие свират секаква музика – препознатливи се по своите француски изведби, но свират и на италијански, шпански, руски, македонски и други јазици.

Овие талентирани дечки, во претходните неколку дена, снимија три изведби на француски песни, во домашна атмосфера. Песните им ги објави Француската Алијанса во Тетово на својот Фејсбук профил, по повод Денот на Музиката 2020.

Бона Деа, до март, често можеа да се слушнат на нивните весели живи свирки, во Ракија бар, Beertia, Old school и на многу други места. Се надеваме дека со повторното заживување на скопските кафулиња, ќе можеме наскоро повторно да ги слушаме и Бона Деа во живо.

Дотогаш, уживајте во овие преубави изведби!