Скриени окултни склоности на хороскопските знаци

На секој хороскопски знак му е наклонета некоја окултна дисциплина, кристална кугла, тарот карти или нешто друго. Прочитајте која скриена окултна дисциплина ја поседува вашиот хороскопски знак.

Овен – Припадниците на овој знак водат бурен живот, поради што често имаат проблеми со разграничувањето на своите емоции и желби. Парапсихолошките способности на овните се поврзани со главата, делот од телото со кој владее планетата Марс. Сакаат да ги толкуваат своите соништа, идеална окултна дисциплина за нив е френологија (проучување на испакнатините и длабините на черепот) и толкување на карактерот според  линиите на лицето, како и методи кои даваат брзи резултати: руни, коцки и Ји Џинг.

Бик – Парапсихолошките способности на биковите се развиваат бавно и темелно. Како и другите земјени знаци, емоциите ги доживуваат преку телото. Венера, владетелот на бикот, ги инспирира со музика и зборови. Можат да го предвидат времето преку проучување на одредени знаци или симболи. За нив е идеална нумерологија, и сите техники кои се поврзани со толкување преку монети, коцки или банкноти.

Близнаци – Во доменот на близнаците спаѓаат хиромантија (гледање на дланка), графологија (анализа на ракопис) и проучувањето на карактерот. Меркур, планета на комуникација, им дава отворен ум, но бидејќи лесно го губат вниманието, ги спречуваат своите парапсихолошки способности да дојдат до израз. За нив се идеални тарот карти.

Рак – Раковите често се чувствуваат необјасниво тажни, поради влијанието на нивниот владетел, Месечината. Информациите од сегашноста или иднината ги добиваат во форма на слики. Тие, исто така, можат да знаат што некој сака да каже, пред да почне да зборува. Добри се во предвидување на настани, гледање на талог на кафе, чај или кристали.

Лав – Среќен, дарежлив и топол. Честопати имаат ненадејни сомневања. Сонцето, како планета владетел на овој знак им дава духовна сила. Тие често можат да даваат терапевтска енергија, способни се да лекуваат со својата радост, оптимизам, живост и топлина. Многу астролози се родени во знакот на лавот.

Девица – Девиците имаат изненадувачки парапсихолошки способности. Повеќето од најдобрите лекари и терапевти се родени во овој знак. Добра меморија и способност да приметуваат детали ја одредуваат нивната професија. Ги привлекува графологија и анализа на карактерот со користење на цртежи или симболи.

Вага – Дел од парапсихолошките способности на вагата е телепатија. Ги привлекува хромотерапија или музичка терапија, како и употребата на ароматични масла во терапија. Заинтересирани се и за кинеската астрологија или Ји Џинг.

Шкорпија – Шкорпија е знак кој е најмногу заинтересиран за окултните теми. Внатрешната желба да ги откријат сите тајни честопати им дава богати искуства поврзани со раѓањето или смртта. Длабоката моќ на планетата Плутон им дава можност да ги разберат тајните на минатото. За да ги развијат огромните парапсихолошки сили потребен им е добар наставник кој ќе ги води низ вистинскиот пат.

Стрелец – Бидејќи стрелците се љубители на филозофија и религија, треба да веруваат дека постојат сили кои се надвор од нив. Ги привлекуваат научните факти, како и старите митови. Идеални се за проучување на древни религии и радиестезија (паранормална или парапсихолошка способност да се „измери радијација“ со помош на човечкото тело).

Јарец – Јарците сакаат факти, логика и немаат многу време за фантазии. Премногу се зафатени со материјалните домени на животот. Овој знак со помош на неговиот владетел Сатурн, владеат со камењата. За нив е идеално гледање на карпи, руни, кристали, кристални кугли.

Водолија – Љубопитни по природа, членовите на овој знак имаат силна желба да ги откријат тајните на универзумот и човекот, макрокосмосот и микрокосмосот. Ги интересираат биоритамот, психо-тестовите и парапсихологијата. Имаат силна интуиција, испирација и увид во суштината на нештата.

Риби – Чувствителни по природа, често пати имаат предвидувачки соништа и визии. Ги привлекува хромотерапија (лекување со бои), рефлексологија (стара холистичка терапија што се темели врз стимулирање на рефлексните точки кои се наоѓаат во стапалата) и терапија со ароми и мириси. Добро ги толкуваат симболите во талогот на кафето и кристалната кугла.




Коментари

коментари