Скршеното срце заздравува побрзо отколку што мислите

Да, и колку да звучи клише, поминува многу побрзо отколку што си мисли, само понекогаш ти се држиш многу подолго и поцврсто одбивајќи да прифатиш дека всушност – си заздравел.

Знам како се чувствуваш во овој миг, и нема да ти кажам да заборавиш и да не се грижиш, се ќе помине – да, и колку да звучи клише, поминува многу побрзо отколку што си мисли, само понекогаш ти се држиш многу подолго и поцврсто одбивајќи да прифатиш дека всушност – си заздравел.

Чувствувај ја болката и дозволи му на сите сеќавања да прелетаат пред твоите очи, дозволи си на себеси да тагуваш и да ги почувствуваш скршените парчиња како те прободуваат, но кога еднаш ќе дојде крајот и твоите очи ќе останат суви, кога ќе немаш повеќе солзи, престани да го прифатиш фактот дека си заздравел.

Ништо не трае вечно, нити болката. Престани да се убедуваш себеси дека мораш да се држиш уште малку подолго, уште малку додека да дојде крајот, да веруваш дека може нешто да се смени. Вистината е таа дека нема и мораш да се соочиш со неа.
Дај си шанса на себеси да почнеш од почеток. Ќе пропуштиш се ако упорно се враќаш назад, ќе пропуштиш многу прекрасни мигови кои ќе ти ја вратат вербата и надежта.

Престани да живееш во минатото и прифати го тоа дека завршило, она што треба да го живееш те очекува напред и е многу поубаво од она кое завршило.
Во животот ќе изгубиш уште многу личности, ќе те напуштат на патот, ќе останеш сам, но тоа е едиснтвениот начин да созрееш и да стигнеш до оние вистинските.




Коментари

[fbcomments]