Сламен шешир – летен императив! (ФОТО)

Шеширот е познат уште од древниот Египет. Со текот на годините тој станал симбол на елеганцијата. А, сламениот шешир е моден детал за секое лето, па и за ова.

Францускиот дизајнер Jacquemus ги направи сламените шешири многу популарни. Секоја нова сезона носи иновативни решенија и на пазарот пласира нови сламени шешири со различни детали.
Сламените шешири ги штитат кожата на лицето и косата од силните сончеви зраци, но и се одличен моден додаток на летните модни комбинации.
Сламените шешири се идеални за сегде- на плажа, за прошетка во градот, пикник во природа..
Според моделите кои веќе се искачија на врвот, ова лето можете да одберете од сламени шешири со едноставен облик, па се до впечатливи модели.


И оваа сезона се „ин“ шеширите со додаток на марама.
Шеширите се лесни за комбинација. Тие може да се искомбинираат со летно здолниште, лесна облека, разигран фустан, топче, кошули… Нема правила при изборот на комбинацијата.
Сламениот шешир и дава посебен „шмек“ и ја подигнува на ново ниво секоја модна комбинација.
Планирате дневна прошетка или вечерно излегување?- Не го заборавајте својот сламен шешир!




Коментари

коментари