Славенички концерт на Електрични Оргазам во МКЦ на 26.03.2020 година

Бидејќи без оргазам сепак нема ништо, Авалон Продукција со задоволство ви најавува славеничкиот концерт на Електрични Оргазам „40 година оргазма“.

„Нашите стари пријатели Електрични Оргазам во рамки на нивната славеничка турнеја која е по повод 40 години од основањето на бендот, ќе имаат свој концерт и во Скопје на 26-ти март, со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар.

Еден од најкултните, најавангардните и најдобрите југословенски бендови на сите времиња, по навистина подолг период доаѓа во Скопје и време е да се собереме на едно место, сите ние коишто многу добро знаеме што значи Електрични Оргазам за музиката.

Влезниците по цена од 700 денари ќе бидат пуштени во продажба во вторник (11.02.2020 година) во 09 часот наутро, а достапни за купување ќе бидат во Avalon music & ticket store, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн“, велат во соопштението од Авалон Продукција.




Коментари

[fbcomments]