Следете ги желбите на вашето срце – Никој друг не го познава неговото биење подобро од вас

Никој не бил во ваша кожа, никој не го знае вашето минато нити го познава вашето срце подобро од вие самите. Никој не знае што се крие во најтемните агли на вашата душа, не знае какви желби и чувства се кријат. 

Никој не бил во ваша кожа, никој не го знае вашето минато нити го познава вашето срце подобро од вие самите. Никој не знае што се крие во најтемните агли на вашата душа, не знае какви желби и чувства се кријат. Никој не поминал ни ден чекорејќи во вашите чевли, па како може да знае штое најдобро за вас?

Како воопшто некој може да си даде право на себеси да суди што е најдобро за некој друг?
А како можете воопшто да се потценувате себеси на тој начин да сметате дека неговото мислење е валидно?
Ставете им до знаење на другите луѓе дека ќе го заслужат вашето одобрување тогаш кога ќе го живеат вашиот живот барем на еден ден, тогаш ќе имаат право да ви судат и да донесуваат најдобри одлуки за вас.

Можете да бидете нечија потпора, да му дадете охрабрување некому – но што е најдобро за некој човек не може да знае некој друг освен тој самиот.
Само човек кој е искрен спрема себеси и кој не се плаши да се соочи со своите мисли го пронаоѓа вистинскиот одговор, а се друго е само бегање од реалноста.

Следете ги само желбите на вашето срце и колку понекогаш да се луди и нереални, и многу луѓе нема да ве сфатат и нема да ве поддржат. Но најважно од се е вие да сте сигурни и задоволни со вашиот избор.




Коментари

[fbcomments]