Категории

Сличности помеѓу мажите и жените

Сигурно не сте очекувале мажите и жените да се толку слични..

Толку многу пати сме пишувале за разликите помеѓу мажите и жените, но кои се всушност особините кои ги прават толку слични е она што вистински не интригира. Сепак, тие сличности се она што ги поврзува мажот и жената и го прави соживотот помеѓу нив возможен..

-Не сме совршени
Сите очекуваме да имаме совршена мајка, девојка, татко, дечко, брат, сестра, но едноставно не е возможно. Престанете да очекувате премногу од луѓето. Обидете се да ги разберете и да им простите.

-Стереотипите не болат
Стереотипите за мажите и жените им се многу добро познати на сите, но ги навредуваат и едните и другите. Мораме да се ослободите од стереотипите и да го одбереме она што го сакаме, и на другите да им дадеме прилика да бидат она што сакаат.

-Ни треба љубов и почитување
Ако повеќето мислат дека на жените им е потребно повеќе љубов а на мажите почитување, тоа не е вистина. И на едните и на другит подеднакво и е потребно тоа.

-Имаме проблеми со довербата
На секој од нас помалку му треба осигурување од луѓето кои ги сакаме дека можеме и понатаму да му веруваме.

-Несигурни сме
Било за изгледот, споредување со познатите ѕвезди, спортиски, деловни луѓе, соседи.. Сите во себе носиме одредени комплекси. Од комплексите не се лишени ни мажите ни жените..

-Имаме чувства
Жените најчесто се сметаат за повеќе емотивни од мажите, а мажите за беслувствителни, меѓутоа таа вистина варира помеѓу. Постојат бесчувствително мажи и жени, а постојат и претерано емотивни мажи и жени.

Прегледи:
488
Објавено на:
14.10.2019