Категории

Случајни средби не постојат – Секој влегува во вашиот живот со причина

Некои луѓе ги сретнуваме тогаш кога сме подготвени да ги запознаеме и да им дозволиме да влезат во нашиот живот.

Можеби ви се случило некои луѓе со кои сте можеле да се запознаете одамна, да ги сретнете токму денес. Сте живееле во ист град, соседна зграда, или некогаш сте патувале со ист авион, или сте имале заеднички пријатели веќе долго, и до ден-денес не сте се запознале. Како е можно тоа?

Некои луѓе ги сретнуваме тогаш кога сме спремни да ги запознаеме и да им дозволиме да влезат во нашиот живот.

Ние всушност цело време се подготвуваме за она најдоброто што ни следи, за нашата најдобра улога. Затоа уживајте во процесот. Ако она што го посакувате сеуште не пристигнало, верувајте дека доаѓа, предадете се на учењето од тоа што го имате околу себеси во овој миг, и бидете подготвени да ги препознаете вистинските улоги.

Луѓето стануваат дел од нашиот живот со причина. И искуствата кои ги создаваме со нив служат за да не научат на нешто, да не ослободат од нешто и да не разбудат, и секако да зачекориме кон сопствениот развој.
Средбите носат пораки, лекции, учења.. Сите наши средби. Треба да бидеме благодарни за нив и за оние кои можеби нема да бидат дел од нашиот живот засекогаш.

Прегледи:
458
Објавено на:
10.03.2020