Категории

Слугите на кралицата Елизабета ќе ги менуваат сказалките на часовниците 40 часа

Еден од членовите на персоналот е и Фјодор ван ден Броек кој за BBC изјави: „Голем дел од часовниците се точни, но секој понекогаш без никаква причина почнува да доцни или да оди напред, па постојано морам да ги контролирам.“

И во Велика Британија оваа сабота настапи крајот на летното сметање на времето и за многумина тоа значеше и промена на сказалките за неколку часови. Но кога се работи за часовниците во кралската палата на кралицата Елизабета II, сказалките ги менува мала војска од членови на нејзината послуга кои на таа работа мораат да потрошат повеќе од 40 часа затоа што станува збор за стотици такви.

Во дворецот во Виндзор има 450 часовници, во Бакингамската палата – 600 додека во палатата Холирудхаус – 50. Исто така да не ги заборавиме и неколкуте големи надворешни часовници.

Фјодор исто така открива дека постојат делови во палатата постои различна временска зона, тоа е случај во кујните каде часовниците се намерно наместени пет минути понапред.
А тоа е поради тоа оброците на кралското семејство да стигнат навреме. Тоа е постојан потсетник.

На личниот будилник на кралицата Елизабета не треба да се менуваат сказалки затоа што едноставно ги нема, односно таа нема личен будилник.
Неа секое утро во 9 часот ја буди нејзиниот личен гајдаш кој секое утро свири под прозорецот од собата каде таа спие. Ако кралицата се успие тој продолжува да свири се додека таа не се разбуди.

Прегледи:
488
Објавено на:
27.10.2020