Слушнете ја одличната преработка на Ема Јакимова на хитовите Kygo – Remind me to forget/Firestone (ВИДЕО)

Ема Јакимова е млада талентирана девојка која освојува со својот глас и позитивната енергија. Таа заедно со својот бенд „Emma and the band“ настапуваат секој петок во Центар бар, а досега имале и повеќе настапи низ Македонија. 

На среќа.мк секогаш има место за младите уметници кои со својот талент ги будат најпозитивните емоции кај секој од нас. Овој пат имате можност да го слушнете нејзиното cover видео кое е комбинација од две актуелни песни – Kygo – Remind me to forget/Firestone. Видеото е снимено на Козјак, а Ема е нашата среќа на денот.

Опуштете ги сетилата и уживајте во убавата глетка и нејзините одлични вокални способности.




Коментари

коментари