Смешни разлики помеѓу мажите и жените

Брак
– Жената се мажи за маж, очекуваjќи тој да се промени со годините, но тој никогаш не се менува.
– Мажот се жени за жена, очекувајќи со годините таа да не се промени, но таа се менува.

Грижи за иднината
– Една жена се грижи за иднината, се додека не си најде маж.
– Еден маж воопшто не се грижи за својата иднина, барем додека не си најде жена.

Успех
– Успешниот маж е оној кој заработува повеќе отколку што неговата жена може да потроши.
– Успешна жена е онаа која може да си најде таков маж.

За децата
– Жената знае сè за своите деца – кога имаат час кај стоматологот, какви се нивните оценки во училиште, кога имаат концерт или натпревар, итн
– Мажот е информиран за тоа дека во куќата живеат уште некакви ниски луѓе, кои некогаш се дома а некогаш не се.

Работите кои се паметат
– Женет човек не ги памети своите грешки. Нема смисла и двајца луѓе да го паметат истото.




Коментари

коментари