Категории

Снежна идила: Утрово снег во Маврово, Нижеполе и Попова Шапка

Утринава жителите на Маврово, Нижеполе и Попова Шапка ги разбуди снежна покривка, а снегот започна да вее во текот на ноќта. Според очекувањата на УМХР, снежната покривка ќе достигне и до 15 центиметри.

Жителите на Маврово утрово се разбудија со снежна покривка откако синоќа започна да вее снег и не престана во текот на ноќта.

Погледнете како изгледаат овие места преку камерите во живо на веб-страницата „skimacedonia.mk“.

 

фото: Screenshot/ skimacedonia.mk