Градските власти на Скопје апелираат до сограѓаните да останат во нивните домови и да не излегуваат со возила се додека не престане невремето и не се создадат услови за нормално одвивање на сообраќајот.
Во моментов Скопје е погодено од невреме проследено со обилни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави на поголем број на сообраќајници во главниот град.Има, исто така, прекини во снабдувањето со електрична енергија и голем број скршени и паднати дрвја.
Во моментов сите екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираат на терен во насока на оспособување на сообраќајниците каде се појавија поплавувања