Категории

Со емотивна порака и посака среќна годишнина од брак

Дејвид и Викторија Бекам живеат живот од соништата. Тие се згодни, успешни, богати, се сакаат како првиот ден и имаат четири деца, синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер.

Верувале или не, денес слават 17 годишнина од брак.

Романтичниот фудбалер и посака среќна годишнина на Викторија на својот Фејсбук профил, каде го следат повеќе од 55 милиони фанови.

“Леле, ова се случи пред 17 години. Имав среќа да запознаам личност која ќе зрачи со енергија и која ќе ги сака истите работи во животот како и јас. Имаме четири прекрасни деца и неможев да посакам подобра и погрижлива мајка за нив. Нека ни е среќна годишнината, те сакам” – напиша Дејвид под сликата, додавајќи насмеани човечиња и срциња.

Фановите ја споделија сликата, која за 2 часа имаше 602 илјади лајкови и многу позитивни коментари.

2

“Вие сте мојата инспирација” – искоментира еден од фановите.

“Се чувтствувам сакано и благословено. Мојот најдобар пријател, мојата најголема љубов. Најдобар човек на светот, кој ме инспирира секој ден. Среќна годишнина најдобар сопруг и татко на светот” – напиша Викторија под друга слика од нивната свадба.

3

4

5

6

Прегледи:
3461
Објавено на:
04.07.2016