Со години промовираше вештачки изглед, а сега Кајли Џенер ги извади филерите од усните!

Ријалити ѕвездата Кајли Џенер ги шокирала своите фанови откривајќи дека во потполност ги извадила филерите од усните.

Кајли Џенер е позната по естетските операции, а една од највпечатливите е секако зголемувањето на усните на 16 години, кои оттогаш може да се каже дека се нејзин заштитен знак.

Сепак, по години промовирање на ваквиот изглед, американската ѕвезда решила во потполност да ги извади филерите, а својот нов изглед го презентирала на Инстаграм. Оваа промена предизвикала воодушевување, а следбениците коментирале како е сега многу поубава и поприродна и дека направила вистински избор.




Коментари

коментари